- Личи, - вели Зоки. – А жирафата пак ми личи на твојата шарена блуза.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Долу, под балконот, летувачите веќе се врвчеа - кој со торба, кој со душек, кој со гума, кој со чадор, кој со топка - сите по шорцеви, со апостолки меѓу прстите на нозете и снежни шапки на главите, жените носеа шарени блузи без ракави, а мажите еднобојни маички со тесни прерамки.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)