И конечно, еве ја на софрата, прекриена со најлон и шарено килимче.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Тој Толе постојано молчеше. Седи на столот, ги скрстил рацете и гледа во шарениот килим.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Сега, загреан, одеше од гостин до гостин и се фалеше: Ганка му носи свилени јоргани, креденец, шарен килим, везени перници.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Како огромен шарен килим долу се простираше полето и искапено во утринската роса се преливаше во златото на узреаните оризови класја, во зеленилата на тутуновите стеблинки, а тек-тук се белееја и снежните пахулки на памукот што избиваше низ распуканите чушки.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Доста слезе во земникот, го донесе шарениот килим.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Дали ќе има одаја тој прикрепникот на Нешка, да го постеле? — се праша Доста, радувајќи му се на уште неисткаениот шарен ќелим, па се поправи сама: — Ами еве, овде во тремот ќе си направиме ние со Илка и тука ќе си го постиламе со Нешка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)