Не ме сфаќаше. Ти личев на дете што собира шарени слики од чоколада.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Без каталогот, ние се сеќававме на неговите шарени слики, а Мајка успеваше да ни го дополни сеќавањето зашто тој не престануваше да се прелистува во нејзината свест.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во понеделникот, гледајќи ги тие шарени слики, размислував како ќе изгледаше Баждар во шарената мантија на светецот и со убаво одгледана брада, а светецот во црното зимско палто шарено од прав и сламки.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)