Влегува Антоњина Павловна Опојашина, мајка на Љуба, со шарена топка во рацете.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Извади од џебот мала, шарена топка и ми ја покажа намигнувајќи ми весело.
„Сенката на Карамба Барамба“
од Славко Јаневски
(1967)
Очекував некаква голема чоколада, некаква шарена топка или мала усна армоника, а тој од својот кожен куфер извади книга со тврда подврзија и ми ја подаде: - Еве ти, Гиле, книга.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Се собраа и трите шарени топки, едночудо коцки, чинивчиња и лончиња.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Од утре ќе ја забравам вратата, ќе ги спуштам ролетните, ќе ги исклучам телевизорот, фрижидерот, машината за перење, ќе ги изгорам фотографиите, писмата и сите останати продукти на хуманизираната носталгија, ќе се соблечам и... ...во мракот, во молкот, ги начулам ушите, пуштам да ми се провлече 'ржењето низ грлото, нечујно газам по тепихот од трева, бршлен, од мравки и изгниени коски на жртвите, ги насетувам, од другата страна на решетките, преплашените контури на полуќелавите, бледи чиновници, го одбирам најмалиот, најизгубениот, веќе му го распознавам лицето што со мазохистички грч се ѕвери во мене, со побелените прсти го стиска работ од канцелариската маса, врз која лежи расфрлена хартија, избраздена со црвен фломастер, немарно се испружувам, токму до неговата нога, загризувам силно, под платното на пантолоните, под епидермот, но не дозволувајќи му на сечивото на забот да оди подлабоку, заплачува додека со јазикот нежно минувам по ранетото место, сѐ уште воздивнувајќи од болка го зграпчува црвениот фломастер, нервозно зачкрипува по хартијата... волшебниот лет на шарената топка или повеќезначност на современиот театар ...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Чекоревме кон железничката станица, а по улиците сѐ беше сенишно: секоја глетка кажуваше дека тука има живот – чадор потпрен на една клупа, цвеќиња на балконите, шарена топка на тротоарот, а сѐ беше испразнето од човечко присуство, како никој никогаш да не живеел овде.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Од некој дел од квартот сепак се слушаше живот, и ние тргнавме кон звуците.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)