Како млади ждребиња растрчани низ ширна ливада!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Под дебелите и високи дабови и по целата долга и ширна ливада - споулавено раздвижена црневина луѓе и добиток.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Можеби и коњот омелушен посакува јажето да се скине, па да избега од гумното... да бодина преку ожнеаните нивја... кон коријата... до некоја ширна ливада... до некој извор - бистрина... и кроце, кроце, така низ ливадата - со крената глава... а ветрот откај пелистерските сртови да му ја вее гривата...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)