широк (прид.) - кошула (имн.)

Едни ги пикаа своите годиначиња во градите, а тригодишните под широките кошули и така клечеа врз нив како квачки врз пилиња; други ги криеја децата зад иконите; една го кладе детето во камарата каде што попот врши проскомидија; друга го бутна во мазгалката зад иконата на св. Илија, а сите зедоа в раце по една икона, натпреварувајќи се која да ја земе иконата на Ристоса, св. Богородица и света Петка, надевајќи се дека нивната сила е поголема од онаа на другите светци, та белким и ќе ги заштити барем децата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
— Да се аскер, не се аскер. Сигурно некој башибозук од Џемаилбег од Агларци, — им проговори на другарите и сакаше да даде заповед на војводите да ги соберат четниците и да се истават повнатре во гората дури да фати мракот, па потоа да се влечкаат некако кон исток.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Прочуено момче беше тој Мирон - ја кадреше руцата коса, носеше широка кошула со отпечатени риби и ленгери и веруваше дека девојките полудуваат по него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Пред овие луѓе јаваше човек на бел коњ, по него три четворица на маски, а остатокот од пет шест души наоружани, но измешани со селани мариовци со бели гаќи и широки кошули.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)