Имаше и денови кога ветерот ѝ го поткреваше фустанот откривајќи ѝ ги белините на ципите, или кога при разминување на тесното скеле ќе им се поджулнеа телата или кога ќе му подаваше цигли под него, а тој слободно ѝ ѕиркаше во нејзините гради низ широкиот отвор на фустанот.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Една од школките беше голема, бела, со бодливи израстоци и широк отвор устинка што се стеснуваше и исчезнуваше во телото на школката.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)