Преку викенд обично јас и мојата сакана фаќаме магла и шетаме по егзотичната околина: Санта Барбара, Риверсајд, Лагуна Нигел... или безгрижно тулумариме по широкиот спектар од киносали, паркови или барови што оваа цивилизација го пружа.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
„Бидејќи логиката на сексуалниот поредок досега толку длабоко се вкоренила во еден неописливо широк спектар на општествени институции и бидејќи се вкоренила во најстандардните прикази на светот“, забележува Ворнер, „квир-борбите не се стремат само кон толерантност и кон еднаков статус туку и кон предизвикување на тие институции и прикази“.468 Квир-политиката нишани право во срцето на нашиот модернитет.
Геј-мажите, како сите настрани, нужно се откинати или отуѓени, барем донекаде, од хетеронормативната култура, како и од примените облици на лично и општествено живеење што хетеронормативноста ги обликува, ги издигнува и ги нормализира, правејќи ги „главнотековни“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А колку што општествените протоколи на нормалниот или на хетеронормалниот живот и понатаму им се туѓи на геј-мажите, толку геј-мажите не можат да си го сфаќаат сопствениот свет здраво за готово онака како што можат стрејт-луѓето.
Во таа смисла, геј-мажите се отуѓени и од „природата“, односно од општествените дефиниции на природното.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Значи, рамноправноста на гејовите, сама по себе, нема да им стави крај на хетеронормативноста и на нејзините последици.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Хетеронормативноста, секако, може да се квалификува, да се заузда, ограничи и можеби да се поткопа или да се ослабне до степен што сега тешко може да се предвиди.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но моделот на човечкиот живот што го претставува и што таа го промовира како хоризонт на стремеж за секој исправен човечки субјект, нема да го снема со озаконувањето на геј-бракот и со можноста на нехетеросексуалците отворено да служат во армијата на САД.
Ете зошто квир-политиката е толку многу подалекосежна, толку многу попреобразувачка од политиката на геј-правата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Се занимaвам со жанровите до оној степен до кој создаваат правилност во општественото однесување и во дискурзивната практика во еден широк спектар на човечки интеракции.155 Традиционалните поделби на формалните видови книжевен дискурс претставуваат примери за такви правилности, но тие се далеку од само примери за нив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Новите предложени лични карти ќе бидат „паметни“ (поврзани со база на податоци која е во мрежа и може да се пребарува), ќе имаат биометрика и „најверојатно ќе се користат за широк спектар на активности надвор од полициската контрола и административната функција за која во моментов се користат ваквите документи“.56 Ова отвора значајни прашања во врска со заштитата на приватноста и граѓанските слободи (на пр. слободата на движење).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Многу групи сега веќе не заземаат одвоен простор ниту имаат одвоени култури.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Сега таа е и подвижна (пластични лични карти) и виртуелна (база на податоци).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Разликувајќи меѓу јавниот (политички) интерес и приватниот (економски), овој текст ги истражува причините и модалитетите на приватна узурпација на јавниот простор, како и уметничките стратегии за негово повторно освојување, со посебен фокус врз уметничката продукција во Централна и Источна Европа. 78 Naomi Klein, No Logo (London: Flamingo, 2000), 131. 70 2.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Јавен простор – дефиниција и функции Јавниот простор е сложен и повеќеслоен поим кој под еден термин опфаќа широк спектар на општествени локации, од улиците до интернетот, од парковите до медиумите, од населбите до глобалните институции и меѓународните пазари.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Бегалците, мигрантите, работниците, криминалците, војниците, трговците и номадите се приморани или избираат да преминуваат широк спектар на геополитички и метафорички граници, проблематизирајќи го односот/ врската/кореспонденцијата меѓу територијата, нацијата, државата и идентитетот, хомологијата меѓу културата, идентитетот, територијата и нацијата.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)