штеден (прид.) - книшка (имн.)

Џабе им е дипломата на брат ми и штедната книшка на татко ми и на мајка ми кога и тој и тие можат газ да си бришат со нив, оти скоро ни тоалетна хартија нема да има.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, на Веселина и на Ацо секој ден им бил исполнет со единствената мисла: од заработката да одделуваат што повеќе настрана, во штедната книшка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таму ги криеме сите дупли планови, со која жена да се ожениме ако нашата загине во сообраќајна несреќа, како штедната книшка на брат ни да ја префрлиме на свое име ако тој ненадејно умре, таму се сите скришни прељуби, се што сме премолчале, што намерно сме заборавиле, таму е јасно кого колку мразиме, таму ја криеме сета невера за она во кое јавно се колнеме дека веруваме и сета вера во она од кое јавно се откажуваме, таму се складиштата на суета и страст, нашиот мрак и пораз, таму сме без шминка, без вештачки вилици, без мидери, таму сме грди.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Дел од заработката оделуваат, ставаат на штедна книшка, со единствена мисла да ја употребат во својот крај за градење или купување стан, алат, но и да се вратат со збогатено стручно искуство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)