На плоштадот, под дивиот костен, на влезот во уличката кон Главната пошта и амамот, чистачот на чевли Кадрија, откако ги напика кај глуждовите картончињата за да ми ги заштити од боја чорапите, ја крена кон мене шеретската насмевка.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во секој случај не бев далеку од вистината инаку зошто од густите гранки на костените ќе се разлеваа како шумни водопади песните на револуцијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)