Кога би го имал металното зрно страв што фазанот го носи на врвот од клунот додека се обидува возбудените женки качени на танки но брзи нозе да ги преведе преку поспаната шумска патека што бавно води кон самиот врв на брдото не ќе го досегнев никогаш оној игрив чекор на старчето што својата мудрост и стрпливост по истиот пат ги пренесува.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Го оставам градот зад себе, потоа поаѓам по едно случајно избрана шумска патека.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Во оваа студена снежна дивина, во темните шумски патеки по кои му одеа чизмите, тој сега стана сосема сигурен во една работа – беше сам.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Зашлапаа коњите по тесната шумска патека.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Чекорејќи по навеаната шумска патека, грипозен, во мантил и со жолт шал.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Далечната капавица го довикува движењето на тркала во калта по шумски патеки во подмолни млаки.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Сега поспокојно го потера по тесната шумска патека...
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)