Бидејќи таа беше жена на една угледна јавна личност, нејзината врска со Дишан им беше позната само нас неколкумина најблиски пријатели (и не беше разјаснета ниту на изложбата во Палацо Граси, ниту во придружниот каталог).
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
”, (1844-46), името на Марија Мартинс не се појавува на ниедна од претходно објавените монографии и биографии за Дишан.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Зборувам за една песна од Френк О’Хара, геј-поет кој одигра средишна улога во формирањето на таканаречената њујоршка школа на поети, сликари и музичари.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Песната излезе во неговата збирка Песни за ручек во 1964 година.369
Лана Тарнер паднала!
поттрчнував и наеднаш
ете заврна и заснежи
а ти рече дека паѓал град
но град те мава по глава
силно, па затоа сепак снежеше и
врнеше и толку ми се брзаше
да се сретнеме, но сообраќајот
беше баш ист ко небоно
и одеднаш гледам наслов
ЛАНА ТАРНЕР ПАДНАЛА!
нема снег во Холивуд
и нема дожд во Калифорнија
на многу журови ме имало
со поведение крајно срамно
но не ми се случило да паднам
о, Лана, те сакаме станувај.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
О’Хара тука ја присвојува амбиенталната мелодраматичност на конвенционалниот новинарски дискурс – со неговите изнасилени наслови што привлекуваат внимание, со запенетата фасцинираност од животите на јавните личности и на ѕвездите и со возбуденото чувство на драматика што го внесува во известувањето за тековните настани во вестите – за да го воспостави сопствениот дисидентски однос кон главнотековните жанрови, дискурси и културни облици што ја дефинираат конвенционалната хетеросексуална мажественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Токму преку тие доминантни културни облици, дискурси и жанрови тој успева да си изреже себеси упадливо нестандардна положба на полето на родот и сексуалноста.
О’Хара си го претставува односот кон плакатскиот наслов како однос на помешани лековерност и скепса.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„Не ме сфаќајте пребргу” би можело да биде мотото на оваа најмногу експлоатирана јавна личност. Henri Geldzahler од книгата: “Andy Warhol Prints”, 1985. okno.mk | Margina #10 [1995] 9 Последното интервју на Енди Ворхол Тајната вечера на Поп-артот; уметноста и репродукцијата; историјата и ситните интриги; два Исуса и двајца папи; од Andy Warhol папата на поп артот.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Рационалниот консензус постигнат преку отворена и слободна дебата е заменет со фабрикуваното мислење Sphere: An Inquiry into a Category of Bourgeois Society (Cam- bridge, Mass:MIT Press, 1989), 140. 98 Ibid., p. 176. 88 од анкетите и експертите.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Во овој процес на „повторна феудализација“ на јавната сфера, „јавноста ја губи својата критичка функција за сметка на инсценираната претстава; дури и аргументите се преобразуваат во симболи на кои повторно не може да им се одговори преку спротивставување, туку само преку идентификација со нив“.99 Во модерната верзија на „репрезентативната јавност“ од ерата на феудализмот, кога јавноста повеќе беше „статусна одлика“, „не за, туку ’пред’ народот“100 (каде кралот се претставува себеси пред публика, како единствената јавна личност, додека сите други се само набљудувачи), во капитализмот на социјалната држава политичарите и организациите се претставуваат себеси пред гласачите (како набљудувачи).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)