„О, никако,“ вели засмеан, „ќе се испокараме кој да носи венчаница“.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа, Пруст сметал дека единствениот начин геј-мажите да го надминат посакувањето стрејт-мажи и да успеат да се посакуваат меѓусебно, би бил да се прелажуваат, да ги глумат вистинските мажи какви што самите толку катастрофално не успеале да бидат и што е можно подолго да ја одржуваат шарената лага (иако никако нема да им успее да се преправаат многу долго).319
Така било, се разбира, во старите лоши времиња, пред геј-ослободувањето, кога геј-светот сѐ уште бил поларизиран поради поделбата на кралици и трејдови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Имаше тепање до бесвест, горење со усвитена жица, истоштеност од работа, парче црн леб не потешко од сто грама за цел ден, давење во кофи наполнети со нечистотија, јавен потсмев и понижување, принудно потпишување на однапред подготвени писма што по разни врски им беа врачувани на нивните синови кои преминаа на другата страна, во кои нивните татковци, мајки и жени молеа да се вратат во партизанските редови и ветуваа дека народната власт ќе им ги прости греовите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А ќе беше и двојно поомаловажувачка во контекст на машката геј-љубов: бидејќи машката хомосексуалност во мажественоста гледа суштинска еротска вредност, да се претставиш себеси или да го претставиш партнерот како да се одликува со женствена идентификација, па уште и да ја изложиш таа женствена идентификација на јавен потсмев, би било да се омаловажиш себеси или да го омаловажиш дечкото како сексуален предмет и како средство за остварување сексуална фантазија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Досеткава, да беше насочена кон друг, а не кон себе, или кон некого друг, а не кон саканиот, ќе поминеше како чисто омаловажување поради имплицитното уназадување на маж од благородната положба на машката достоинственост во пониската положба на женската тривијалност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)