А таа слобода е единственото што го бара просветеноста и, според Кант, едноставно се сведува на ова: “сопствениот ум во целост да се изложи на јавна употреба.”
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Како места за јавна употреба и простори кои се споделени од сите граѓани, јавните простори се основен извор на локалниот идентитет.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Ангажманот за јавните интереси, за повредените права и потиснати вистини; критички рефлексивната дистанца во однос на сопствениот идентитет, културното наследство и општествените институции; емфатичната вера во јавноста сензибилизирана за рационална аргументација; перформативното произведување на таа јавност низ актот на јавна употреба на сопствениот ум; принципиелното поттикнување на културата на разлики; отвореноста кон феномените на масовната култура, како и постојаното доведување во прашање на сопствената елитна позиција; одговорноста за демократскиот развој на општеството во целина ... тие и ним блиските особини не се наследуваат по никаква законитост од она што се нарекува хрватска културна и политичка традиција.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Јавните простори се простори на интеракција и средба (на улица, на плоштад, во парк) како и места на размена и комуникација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Тоа најдобро го илустрира лородот Гленконер, раководител на каирскиот оддел на СОЕ, кој во својот извештај до Форин Офис ќе нагласи: „Како што знаеме...секоја активност во Југославија треба со право да им се припише на партизаните, но јас сепак сметам дека нема да направиме штета ако во вестите кои се наменети за јавна употреба, дел од таа активност му ја припишеме во заслуга на Михајловиќ“.31
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Ќе ти влезе во свеста
ќе ти се пикне под кожа
ќе забега во зоната на интимата
и оп, еден ден ќе му појде од рака
да го состави она што ти си го скршила
да го препише она што ти си го избришала
да го ископа она што ти си го потиснала
длабоко во тебе, со луд ум на лавина
да го открие она што си го забранила
за јавна употреба;
ќе ги размрсува и повторно
ќе ги замрсува знаците-јазли
на твојот личен и на
македонскиот синдром
ќе си поигрува со преобразбите
од дамнини до иднини
од лично до колективно
ќе ги претвора софистицираните искази
и поетските евокации
во егзистенцијални слики
за да ја долови речито сочноста
на твоите исконски мори
на твоите детски занеси
на твоите судбински
застранувања;
можеби ќе те надмине
со помош на вродената
смисла да глуми
да ја игра улогата на другиот
да се губи во другиот
небаре голтнат од ништото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)