Но, ако тоа се среди законски, ако е потребно и со казни, преку некој вид јавна служба што ќе се грижи за точното регулирање и за синхронизацијата на сите градски, односно државни јавни часовници, тогаш нештата сигурно би се подобриле.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во сета различност на своите темпераменти, тие се подеднакво огорчени на работата што се принудени да ја вршат.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Големиот, тркалезен часовник што висеше сред салата беше запрен на 8 и 23! 8 и 23!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Автобусите доаѓаат на пероните без часовници, се паркираат, шоферите цевчат „скопско“, па си заминуваат, патниците се туркаат пред и во автобусите, порануваат, задоцнуваат, а никому не му е гајле што единствениот јавен часовник на единствената меѓуградска автобуска во Скопје некогаш, некое утро, запрел на 8 и 23.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Зад последниот зафатен шалтер, број 18, отспротива од нервозната седумка, згодна блондика со расеано презрив израз на лицето им ги поттурнува билетите на испотените патници, иако меѓу нив да има железна а не стаклена преграда.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Затоа луѓе, тука се јавните часовници, големи, качени на столбови, за да ве потсетуваат колку е точно часот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)