Јаничарската војска, со традиција од речиси пет века, не беше поврзана само со бекташиското верување туку стануваше и внатрешна сила, која беше немоќна да ја брани Империјата, за која, впрочем, и беше основана.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во неговото гледање сите императори на Балканот биле јаничари или биле опкружени со јаничарски војски.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој не се задоволуваше само од основната информација во енциклопедискиот речник на Емил Литре, чии шест големи тома ги донесе од Париз, дека јаничарот бил војник на турската пешадија кој му служел на Големиот Господар, а јаничарската војска, создадена според едни од Орхан во 1330 година, а според други, од неговиот син Мурат I во 1362 година и во неа биле регрутирани христијански заробеници, била уништена од султанот Махмут II во 1826 година, туку посебно инисистираше да се внимава на дополнителното фигуративно значење, кое го претстави авторитетно на својот негуван француски јазик: Il se dit (des janissaires), en mauvaise part, des satellites d` une autirit quelconque!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Децата не – Турци, особено христијаните од пределите на Балканот, се одземаа од родителите и се потчинуваа на обичаите на Исламот, потоа стапувајќи во јаничарската војска стануваа професионални војници.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Почетокот на падот на Империјата започнува кога во јаничарските војски се регрутираат Турци.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Зарем може да се заборави примерот на сеалбанскиот јунак во албанската историја Скендербеј, кој ќе биде победник во три војни објавени на Отоманската империја, по неговото враќање во старата христијанска вера, преобратен уште во детството, подоцна регрутиран во јаничарски војска.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)