Тогаш ги затворала манастирските порти сестра Ангелина, ги затворала дверите на храмот и се прибирала во своето ќелијно одајче, ја свиткувала својата изморена снага, се вовлекувала во сонот за да се сретне и да го види своето ангелче, да му се порадува, да му се изнаслуша на гласот, иако зборовите не му ги разбирала.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)