Го фрлам штафелајот а сликата ми се нафрла. Исплашен бегам, паѓам, замижувам... Божем спијам, божем сонувам.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Утрината се разбудив пред тато и мама, ама се преправав божем спијам: да си заминат на работа - да не ми здодеваат со илјадници совети.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Секој со своја ѕвезда - вели баба.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
По ѓаволите, што дека филозофираш! Таков си, поинаков не можеш да бидеш...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Така притаен, божем спијам, наслушнував: влезната врата се затвора; се слушаат чекорите на мама - “Цап - цап -цап - цап!“ како малечки чеканчиња удираат топуците; тато не се слуша; со меки ѓонови се движи како пантер.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Немој да се тепаш! - тоа секогаш особено го потцртуваат.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
- Не оди блиску до Треска, може да се слизнеш и да паднеш во реката!
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)