божем (прил.) - сум (гл.)

Асмата ни копа ни ора, ама е тука. Ме наклеветија. Ми подметнаа клевета, божем сум бил во врска со Австријците.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ти должам големо извинување, Ташо, бидејќи на твоето заминување гледав само како на обично поминување од еден ден во друг, или како на една од честите преселби на птиците што не се случуваат поради промените на сезоните туку само поради невремето што напати ќе нѐ затекне сосема неподготвени, а тебе токму тоа те снајде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Божем сум сонувал дека плачам и знам оти на сон да плачеш значи дека на јаве ќе се радуваш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А еве, сега, речиси по половина ден од онаа леснотија со која бев исполнета, преполна сум со страв, со лоши претчувства, иако божем сум насмеана!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Според други јас сум обичен чевлар, а градот Берн со гордост чува пар чизми што наводно сум ги направил кај нив и, заминувајќи оттаму, божем сум им ги оставил.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Дека божем сум очекувал да се појави токму оттаму од каде што наидуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)