божем (прил.) - мене (зам.)

Реков О. К., лежерно, божем мене ми е сосема сеедно дали ќе зборуваме на македонски или на англиски.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Едноставно да помислиш дека е во прашање некој отсутен или поточно непристапен но само за твојот поглед.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Божем мене ми велеше а како да му се обраќаше некому, но не можев да видам кому.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тоа го правеа истите оние дланки што го приближија моето лице до нејзиното, и притоа слушав како му објаснува на Жолтко но со гласно шепотење дека пријателов ( тоа пријателов се однесуваше лично на мене) значи божем мене ме советоувала како да се однесувам со нејзиниот сопруг.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи, малиот другар кој божем мене ми се додели автоматски, зошто бившиот спортист, нели, беше со Лима, не беше многу убав, но беше некако мил и водевме интересен дијалог.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)