Назад во својот стан тој брзо помина покрај телекранот и седна повторно покрај масата, и понатаму триејќи си го вратот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Брегот на Бретања, старите замоци, најубавите специјализирани ресторани за палачинки, сонцето на Бретања, небото, звездите, прекрасната вила, моето второ семејство... Времето многу брзо помина.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Како брзо поминаа четирите години на студирање на Гаврил во САД.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Беше десет минути до десет. Рекламите на државната телевизија (и онаа за Афро кола, која ја произведува Бојана) брзо поминаа и започна телевизискиот дневник.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Вториот ден од панаѓурот, веќе вознемирен дека времето брзо поминува, а тој ништо не прави, кандиса некако еден од манастирските измеќари да остане на сергијата наместо него, колку тој да ѕирне лево и десно.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ми се чини дека вчера пристигна писмото од вас, а јас веќе денес ви возвраќам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Моето, можам да кажам, брзо помина, речиси не го ни почувствував.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Петнаесетте дена од престојот на Карл, брзо поминаа.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ти веројатно ќе ме исмееш но јас сепак ќе ти спомнам еден мој важен заклучок, а на ваков заклучок ме наведе спомнатата бура.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Помислив, а до денес не сум го променил овој мој став: јас мислам дека бурата не е ништо друго туку забрзан начин на живеење на природата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дали го сфаќаш тоа, даскале: на природата наеднаш ѝ се присакува некои изгубени времиња да ги надокнади за да втаса таму каде што требало да се најде пред неколку месеци или дури и пред години?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зборував за една бура. А бурите се такви нешта што брзо поминуваат.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Брзо поминаа студените зимски дни во градот. За тоа придонесоа и козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)