„Тоа е затоа што вашето сфаќање било погрешно,“ рече доктор Гете, и уште еднаш ја испружи раката пред девојката која брзо чекореше по просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Почна да бара нешто по џебовите и токму кога имаше намера да го праша нешто минувачот што брзо чекореше крај него, јас му свикав: - Дедо, дедо, што правиш во ова време овде?!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ја напуштав Казба со забрзани чекори низ долгиот коридор, крај шефот на дипломатскиот протокол. И самиот не можев да разберам зошто толку брзо чекорев кога сета работа беше свршена.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
„Една од основните карактеристики на лудите е тоа што со своите постапки, намери, искази, покажуваат дека водат бесмислено постоење, но не се свесни за тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)