Имено, уште тогаш, уште во пролетта во 1857-та, некои овчари го нашле убиен, и иако никој не знаеше да каже зошто и како, никој и не рече гласно, но сите помислија дека го убил Максим и дека зашто убил пиле, сеедно дали погано или добро, важно пиле, кое ниту му јаде ниту му пие, го стигнала казна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)