веднаш (прил.) - види (гл.)

Но, веднаш виде.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Таа веднаш виде дека косата што беше над длапките на очите беше и премногу сјајна, густа и темна за да му припаѓа на тоа лице.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кога следниот пат влеговме во даскалницата, веднаш видовме што сторил Петре со песокот што го донесовме од реката.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Даниел веднаш виде дека брат му Френк го размачкува малтерот врз еден дел од сенката на девојката, што паѓаше врз ѕидот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Веднаш видов дека има една мера на опсесија во неговите трагања.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Попот Никола, на Ралин Панта маалото, со око бистро и умно, веднаш виде дека женава не го почитува него толку колку што сака да го искористи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Стопосто самиот тој ми го испратил ракописоп. Сега сум сигурна дека е токму тој, иако веднаш видов дека испраќачот е некој измислен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ниту пак имав време да помислам на тоа кој е иако веднаш видов дека човекот што тоа утро влезе кај нас беше комита.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)