И веднаш ѝ се залепи мислата на вчерашниот ден, кога во раните утрински часови, две артилериски батерии, нивните позиции ги биеја без престан.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Берзијанерот, без двоумење, веднаш ѝ рекол: - Ве молам, продајте ја за 42!..
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа живна, се сврте да го погледне уште еднаш Винстон и изгледа дека веднаш ѝ се бендиса.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Азра неколку мига стоеше збунета во ходникот, потоа со мобилката му титна на Нигериецот Џон кој веднаш ѝ заѕвони и во разговорот ѝ вети дека брзо ќе дојде со колата за да ја префрли до Нигериското село.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Веднаш ѝ одговорив на Маргру.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Веднаш ѝ се јавив. - Ало? А тоа си ти.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Беше сепак добро, не мислеше многу на тоа. Уште веднаш ѝ се врати на својата бичкија.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Очите веднаш ѝ се полнеа со солзи...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Неколцина што не знаеле дека Онисифор Мечкојад лежи на земја со пресечена жила на челото, веднаш ѝ се придружиле на гајдата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Попот, човек со светечка брада и апашки очи намалени од вино и од секакви тајни на младоста, веднаш ѝ се приклучил на некоја партизанска бригада што по дембелското лето на есенската благост се готвела со уште некои единици да влезе во битките за Скопје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да стасува од друг свет, од зад некоја граница до која нивните мисли ни во најсветлите мигови не ќе најдат пат, низ ветрот се пробил танок писок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По сѐ изгледало, војникот со шлем и со машингевер на градите, извидник, курир за воени врски или паничен дезертер пред пропаста на Хитлеровиот Рајх, бил убиен од некој шеесетгодишен свештеник Доситеј Давидовски со куршум на тулски нагант од заводот на императорот Петар Велики зашто црниот мотоцикл го присвоила месната црква.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Стрејт-сентименталноста – особено кога нејзината емоционална моќ со која приклештува изгледа како пресметливо наменета да мобилизира и да наметне универзален консензус, да наложи задолжително морално чувство – само плаче за иронична реакција, а машката геј-култура веднаш ѝ ја дава така што таквата сентименталност ја третира како естетски неуспех што заслужува потсмев, опирајќи ѝ се на тој начин на моралната и на емоционалната уцена.
Така слично, сцените со садистичка свирепост и малтретирање во готскиот психолошки трилер од Роберт Олдрич Што се случи со Бејби Џејн? – сцените чии ѕверства и ужаси ја шокираа американската публика кога филмот за првпат се прикажа во 1962 година изнудуваат громка смеа од машката геј-публика, која ужива во мелодраматичните конфронтации меѓу Бети Дејвис и Џоан Крафорд, старите холивудски сопернички, кои глумат две некогаш раскошни, а сега пропаднати ѕвезди загнати во избезумена битка за надмоќ: гротескни, претерани слики на чудовишна, абјектна женственост.
Апокалиптичната драма од Тони Кушнер Ангели во Америка нуди поскорешен пример за оваа машка геј-културна склоност да се прекршуваат генеричките очекувања што се примерени за комедијата и за трагедијата, и тоа така што пак за комична цел ќе се земе деградираната женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Затоа зеле од чергарите машко новороденче и кога царицата се породила тие веднаш ѝ го ставиле во креветот грабнатото чергарче, а новороденчето им го дале на чергарите.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Отишол на исток, се спуштил на југ, запад и на крајот изморен се вратил без да го најде синот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
И така сигурна ќе ми биде победата...“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Потоа бргу-бргу го одвлечкала во болница за да може да ја измие крвта од креветот и никогаш да не се дознае дека Дејан бил таму.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Ми олесна кога другарките си отидоа. Кикиритките што ми ги донесоа веднаш ѝ ги дадов на Марија, мојата цимерка со две болни уши, која нема таков проблем со јадењето како јас.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Не ми преостануваше ништо друго, веднаш ѝ послав на жената, а дузината пушки ѝ ги ставив до неа во јорганот и едно мало перниче го покрив со бело платно, а кај главата ставив едно чевре (везена марама).
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Најпосле, Мајка се смири во креветот. Веднаш ѝ дадоа инфузија за да ѝ се закрепне телото со храна преку крвта.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
А ти? Обесхрабрен од ваквите попречувања, јас веднаш ѝ приоѓав на гитарата што висеше на ѕидот, ја удирав струната, започнував да пискам со ужасен глас некоја непозната песна, се обидував да бидам послободен клоцајќи ги ѕидовите, но сето тоа беше лошо, сето тоа беше втора сорта.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
- Погледни го Серјожа, - тажно ми велеше мајка ми, - момчето работи, ја заслужува љубовта на раководството, знае да разговара, слободно се однесува во друштво, свири гитара, пее.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Штом само се наруча и излезе под покривот по кошула, веднаш ѝ наредува на Гапка да му донесе две дињи.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Прекрасен човек е Иван Иванович! Тој многу ги сака дињите. Тоа е неговото најсакано јадење.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)