веднаш (прил.) - спроти (предл.)

Таа, пак, се наоѓа, пак под една осамена оскруша, два до три километри поднајуг, горе на сртот на истиот овој лак и веднаш спроти старата железничка станица.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Софроние му се поклони дури додолу до земјата, а кога се исправи, виде дека султанот со рака го повикува кај себе и му покажува место кај да седне - на килимот веднаш спроти него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Татко беше погребан во предниот, поистакнатиот дел на муслиманските гробишта, близу една асфалтирана патека, веднаш спроти неколку еврејски гробници.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Петре, ибн Бајко, иако манастирот беше, што се вели, не само близу туку поблизу и од трепката до окото, веднаш спроти Скопје, над реката Серава, а на ридот што се вика Вергин, одвај дочека да го пратат на панаѓурот со манастирските чоеци, па да слезе во градот како што тој милее, да слезе и да го разгледа градот што ти имал сто и дваесет чешми и сто и дваесет џамии, над четириесет меани и маала, себил анои и амами, за кои беше многу слушал.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во мрачната просторија, веднаш спроти вратата мижеше со дневна светлина едно запрашено прозорче колку окно така што ништо не можеше да види.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сѐ до оној ден, веднаш спроти почетокот на Војната, кога Језекил судбината му завиде и на тоа, што му го имаше делено толку скржаво, и посегна со својата неумолива рака и тоа да му го земе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оставија само расфрлани книги по подот, оставија неколку откорнати штици, под кои не пронајдоа ништо, ја оставија вратата отворена; вратата чкрташе како ѓаволот сето време потоа, а онаа стара жена, стопанката на куќата, што живееше во собата веднаш спроти онаа отворената, неколку дена немаше смелост ни да ја затвори и по цели денови одеше изврзана со крпа преку ушите за да не ја слуша како чкрта и при најлесно ветре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)