Веројатно имате семејство што ве чека: жена, деца...“
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Стивенс се возбуди. - Веројатно има мечиња штом се вратила... И утредента пак тргнаа по неа.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Веројатно имаше нови јагниња, веројатно Снеженка закрепнала, зајакнала, веројатно говедата направиле ѓубре што треба да се изрине, но за сето тоа Бојан одвај наоѓаше сили и да помисли, а камоли да се зафаќа, да проверува и да работи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Не знам, веројатно имам доживеано цивилизациски шок.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Порано тој дел од Македонија веројатно имал мнозинство Словени меѓу населението.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Меѓутоа, по турско-грчката размена на населението, пред повеќе од двесет години, тој дел со грчки пари беше колонизиран со Грци од Мала Азија и сега тој е грчки дел"; во однос на тие граници, Југославија и Грција би можеле "лесно да се договорат".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И таму горе на небеската софра веројатно има исто толку празни столчиња кoлку и тука.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Таа посета на Даскалов никогаш не ја заборавив.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
(Ова го велам преносно. Веројатно имате слушнато дека радоста лета)“.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Што дека ние си бевме скиснати. Тие победија.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
И оние што навиваа за осмоодделенците се радуваа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ја прифаќаат топката и фрлаат кон кошот. Веројатно имаат трема.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Чувме една пушка, а потоа еден тапан, чука ли чука.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Си помисливме – веројатно има некоја свадба во селото, но наднаш потоа експлодира бомба и пушки почнаа да пукаат.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
А за тоа нешто, веројатно има придонесено и жена му која постојано му ја јадеше душата, со која постојано се караа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)