веројатно (прил.) - ги (зам.)

Ракетните бомби што паѓаа секојдневно врз Лондон веројатно ги испукува самата влада на Океанија со цел „ да го одржува стравот кај луѓето“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега веројатно ги држеше уште некој поривен отпор против понижувањето.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Така, во мозокот на еден англофон, зборот „slithy“ веројатно ги активира симболите „slimy“, „slither“, „slippery“, „lithe“, и „sly“, во различен степен.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Така, можеби, ужасот кој ве обзема пред Атеистичкиот музеј го имал помалку за причина фактот што оваа доктрина го негира, како што означува и самиот наслов, постоењето на Бога (после с, дури и меѓу верниците кој би можел вистински да каже што значи постоењето на Бога), отколку волјата да се негира постоењето на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Честопати го читам вашето писмо што ми го упативте на 10 мај 2000 г. и размислувам за неговата содржина, особено за фрагментот за тишината, која до крајот ги држеше обединети моите родители во нивниот полвековен заеднички живот, во најголем дел минат во егзил и во израснувањето на нивните шест деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И потоа, со текот на времето, овие предмети, кои веројатно ги имате сѐ уште, се чини дека станале ризницата во која запреле душите на вашите родители, така што ви се случува во нив да ги барате.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Потстегни ми го скутникот постојано се олабавува; а пред малку ми јавија дека ти знаеш добро да врзуваш! - наредуваше таа и низ виснатата долна усна се смееја големи жолти заби што веројатно ги беше позајмила од некое кротко доодено добиче.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нејзиното сновење горе-долу го побуди во мене сомневањето дека во куќава се случува нешто необично, но дали долу, во месарницата, или во станот еден кат над нашата соба, не бев сигурен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сте оделе како пеливани, еден зад друг по оние шини којзнае зошто кренати на високите прагови; веројатно ги кренале за да си ги кршат децата нозете, така мислев тогаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)