59. Овде Мисирков веројатно го има предвид пишувањето на Д.Вергун во неговото списание „Славјански вјак” [II, 62, Виена, 15 (28). II 1903.432], кој во веста за основањето на МНЛД, откако овој акт го поврзува директно со Македонскиот клуб во Белград и неговиот орган „Балкански гласник” (1902), заклучува: „Програмата на овие поборници за етнографска, а не географска Македонија, страда само од тоа што се јавува со огромно задоцнување од најмалку 30 години”.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
28. До тоа време со Софија излегуваа два весника со насловот “Автономија”: првиот како “орган на политичките интереси на христијанското население во Турција” (1898-1902), а вториот како “задграничен лист на Внатрешната македонско-одринска организација” (I -16.7.1903). Мисирков веројатно го има предвид вториов.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Гледа Богдан: во сѐ личи на него кога тој беше на таа возраст; исти очи, исти веѓи, нос, насмевка и ретки заби, остри како клунчиња од птица; на лицето му се забележуваат исекотини и лузни од мавање со децата; насмевката му е недовршена, изнасилена; на рамото се гледа дел од раката на мајка му која веројатно го задржува да се слика.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Во она време кога во манастирот живееле неколкумина грчки калуѓери, кои веројатно го донесле грчкиот поп, тие клепалото го удирале за утрена, за вечерна и за други нивни потреби.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Па, веројатно го нашол тоа супер его, во себе.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Веројатно го разбуди сеќавањето на чувството на неудобност со кое измореноста го кутна во сон.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Загубата на „наивната“ слика, нејзината застареност во однос на ироничниот, интелектуализиран став веројатно го означува конечниот прекин на веќе доволно поместената хармонија природа - дело, но не само што е премногу ризично, туку за поетот е и уметнички неуспешно тргањето по изгубената наивност „онаква каква што некогаш биле“.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
Веднаш знаев дека овој деликатен зафат беше дело на Даскалов; веројатно го беше сторил тоа додека ја полнев чашката.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Знам дека и бевте голем пријател на мајка ми.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Патем наиде на двајца осамени минувачи, кои го погледнаа и минаа покрај...
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Старецот рамнодушно забележа дека луѓето веројатно го гледаат како тој да е човек, но тој нив ги гледа и разбира сосема поинаку.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Штосот функционира зашто се повикува на хомофобичните клишеа – на оној вид хомофобични клишеа што глупавите фудбалоглавци и нивните тапи родители веројатно го прифаќаат како евангелие.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За неговиот глас и тон реков веќе, веројатно го наследил од тетка му додека со години ја слушал како му чита приказни.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Стариот писател го исмева подарокот, оној распослан тигар, а токму тој тигар веројатно го има поттикнато да пројава на него со посакуваната барем еднаш повеќе одошто му било пишано и тоа галопирајќи низ ноќта која веројатно му се присторила многу подолга од другите ноќи; а пројавал во овој случај без оној самар што го создала злобната шега за да го поттикне потсмевот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Помислив, веројатно го има позајмено од некој близок, прилично покрупен и повисок од него.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Писателот по сè изгледа беше изненаден, веројатно го очекуваше Б.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Цивилно лице, кое стоеше малку понастрана и веројатно го следеше нашиот разговор, се одгласи: - Стин патрида тус пигенун...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Видов една, со штица преку рамо, а на штицата поредени камења место леб.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Каква е оваа навалица, се прашуваат будалине, и трчаат горе долу, веројатно го прашуваат раководството што да прават, како да постапат со толку многу жени.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
- Замисли си за момент дека сонуваш, тоа веројатно го можеш - доверливо ми се приближи таа преку масата - Или за момент поверувај дека си влегол во туѓ сон.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Значи мојата мисла патува до него и веројатно го вознемирува бидејќи наеднаш ѓаволчето го снема; се скрило кутрото во глушечка дупка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)