„Ќерка ми е мојата гордост”. „Вашата гордост има чифутско потекло.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Погледот на Самуел Ароести, мојот дедо по мајка, покрај кого натерани во трк одат неговата жена, мојата баба, нивните две ќерки, никогаш незапознаените тетки и други, непознати луѓе претворени во вечно живи филмски сенки. Поручникот со презир погледнува во Хана Голдблум, која меѓу униформите стои исправена, и на ќерка ѝ, ѝ се чини, ненадејно и силно извишена, облечена во својата долга домашна наметка, вита и издолжена како во најубавите години од нејзиниот живот. „...
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)