вечен (прил.) - ќе (чест.)

Оти пак да не живее кога кемерот ѝ е полн со лири и кога Толе вечно ќе биде со неа? Co тие мисли ги дочека првните петли и со нетрпение зачека да и тропне дедот Паленѕа, со кого требаше да отпатува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И после толку години остарен е, а и збрчкан, злокобен е, а и чемерен погледот во моиве очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Само кога би знаела каде си, го криев погледот како дете и се што сакав е да ме прегрнеш силно и да ми ветиш дека вечно ќе ме чуваш блиску до себе.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И два живота да живееш, никој нема да ти биде толку близок до твојата душа како јас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој поглед во кој е измешана есенцијата на љубовта и страста вечно ќе пламни во тие горди очи кои горат во крвавиот залез на недопрениот хоризонт кој ги поврзува небото и морето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Чашата на животот ми е полна со спомени кои вечно ќе го топлат мојот дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, душите им се разделија на раскрсницата на животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И колку и да мислиме добро за својот живот, за смртта треба уште повеќе - зашто таа вечно ќе е со нас.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ме прифати како утеха и јас вечно ќе му бидам благодарна за сè што ми пружи во службата и во приватниот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Но запомнив дека токму под таа карпа тој цар на тоа силно, сјајно царство земно, поразил некој друг цар и потем заповедал на карпата да се вреже натпис што вечно ќе говори за неговата слава на овој свет.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И кога ќе ги снемаше, доаѓаа други, зашто Додо се уште пееше: Момчаци сме без игра и спокој, затворени во вулкански оков.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Патот ви е чекорење слепо, вечно ќе сте во подземна крепост.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сега вечно ќе лежи над Долнец, само што не ќе го гледа азурот на езерото што самиот го создаде, со некоја своја темна енергија и внатрешна присила.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Беше затоа што Змејко отсекогаш мислел дека оној старец, оној Дуко, е еден од оние, што вечно ќе траат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Приликум градењето на мосто на клисурата, сестра му је викала: - Море, Марко - вика - зошто градиш - вика - там на тија стрмни места, на тија лоши места и ствараш трошкови - вика.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ако успееш да доведеш вода сред пустелијата на клисурата, тогаш секогаш ќе бидеш поблиску со луѓето и вечно ќе живееш меѓу нив.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
МАРКО КРАЛЕ ГО ГРАДИ ИСАРОТ ВО ШТИП Имам слушнато од луѓе да Кралевиќ Марко го градел Исарот, а имал сестра Марија.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Вербата дека вечно ќе бидат помнети твоите толкувања на соништата, на човековото несвесно, на нагонот за живот и нагонот за смрт?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тој миг да ни кажеше некој дека тоа е нашиот последен миг на земјата, а дека потоа зад нас нема да остане никаква трага, тоа немаше да нѐ оттргне од нашиот занес, затоа што верувавме дека она што е меѓу нас, она што од нас двајцата прави едно, е вечно, и дека, ако ни биде одземена материјата, сепак ќе продолжиме онаму каде што силите на природата и законите на трошноста и минливоста немаат моќ, и каде што човечката душа е посилна од сите небесни тела, затоа што тие се осудени еден ден, милиони години по својата креација, да згинат, а она парче душа во кое се вткаени нашиот занес и копнеж ќе трае и кога од сета материја на универзумот нема да остане ниту прашинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога излегов од болницата, појдов, појдовме детето во мене и јас, на кејот на Дунав, онаму каде што исчезна Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа ли е утехата со која си ветуваш победа над смртта?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашите усни се допреа, и тогаш јас ги затворив очите, а во слаткиот допир на нашите јазици почувствував нешто како ветување дека таа слаткост вечно ќе трае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш мислев дека таа болка нема да заврши, мислев дека очајот вечно ќе трае, не знаев дека се разделував од нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не ќе се смирам и вечно ќе патам за едно минато...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)