веќе (прил.) - осум (бр.)

Тетка Асја веќе осум години живееше со посредување во давањето услуги за, како што велеше, празнење во малото, но добро уредено одајче во приземната куќа на улицата Ноемвриска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Но, сега е веќе осум. На работа е. - Ќе му се јавам на работа.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Клетвата си е клетва, зошто не пазеше? Жена ти е трудна веќе осум месеци, а ти за сето време не спиеш, се сушиш, спокојство немаш.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Моето неспокојство и нестрпливоста растеа, зашто „нашата среда” со тоа нејзино патување уште повеќе се одлагаше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми кон крајот на април ги почна вообичаените подготовки за своето патување во Кан, каде што на филмскиот фестивал службено одеше веќе осум години по ред.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На хебрејскиот му се дава големо значење во животот на еврејската општина на Салоника”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сред летово, старата, голема заедница на Салоника контактираше со Високата јудаичка школа во Берлин со барање да им се препорача соодветен кандидат кој би служел како главен рабин на нивната заедница, со оглед дека таа била останата без главен рабин веќе осум години, од денот на заминувањето на Раби Узиел кој отишол да служи во Тел Авив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Жена ти е трудна веќе осум месеци, а ти за сето време не спиеш, се сушиш, спокојство немаш.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ама некако се одвикнав да јадам месо, веќе осум години не сум јадела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Свекрва ми не мрдна ниеден мускул од лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)