А како да се формира, најпосле, ако не во однос на постојните општествени модели на родот и сексуалноста, отелотворени и во најраните старатели на детето и во родовите вредности што спаѓаат во културните вредности што тие старатели му ги изнесуваат на детето – а кои ги обликувале и нивните сопствени стилови на однесување и на емоционално изразување?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Геј- (или протогеј-) субјектите може и тоа како да ги доживуваат тие стилови на изразување, заедно со целиот конвенционален општествено-семиотски систем на родот и на сексуалноста што ги прожилува, како неконвенционални, ако не и начисто туѓи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Родовиот идентитет се обликува многу рано во животот на поединецот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Диференцијалното родово исцртување на културните облици го создава (хетеронормативниот) општествено-семиотски систем во кој учествуваат старателите на детето, систем што веќе придонел кон обликувањето на нивните сопствени субјективитети и кон утврдувањето на нивните лични стилови на чувствување и на однесување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)