Си мислев никогаш во мене не ќе догори свеќата моја - а догорува Си мислев никогаш реките не ќе зајдат – а зајдуваат Си мислев дека е веќе крај на сѐ – а сѐ одново почна.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Беше веќе крај на јануари и секоја ноќ можеше да се ојагни некоја овца.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Нашата војска е толку силна што постојано ги сотира тие комунистички банди, на кои им дојде веќе крајот ...“
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Со недозараснатат рана на слабината, со тешки реденици на себе и тежок од нанаспаност, повеќе созреан отколку престарен, во обрач на турски пушки и топови, не сам туку со неколкумина од последните востаници, Питу Гули го знаел веќе крајот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)