Оваа расправа е веќе позната: дали писмото, како што тоа го тврдеа, на пример, Metchaninov и Marr, а потоа и Loukotka, „му претходи на фонетскиот говор?“
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За дискусијата за овие тези, сп. J Février, Histoire de l’ écriture, Payot, 1948 - 1959, p. 5 sq).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тоа што тука се зборува за едно првотно писмо не значи дека се тврди неговиот фактички хронолошки приоритет.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но дури и до приватната доцентура морал доста да чека, и допрва во 1801, кога имал над триесет години, по препорака од својот пријател, тогаш веќе познатиот филозоф Шелинг, станал приватен доцент на универзитетот во Јена.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Беше среќна што најпосле завршуваше мисијата на обајцата во потрагата на османските заемки, верувајќи дека најпосле ќе се свртат кон покорисни работи во куќите и семејството.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Според веќе познатиот ритуал, Мајка му ја отвори капијата, го прими убавиот букет со црвени рози, сега подготвено му ја пружи раката на Камилски за да ја бакне.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Запознавањето со новите пријатели течеше по вообичаената, веќе позната шема.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Самиот чин на шишањето на косата нè враќа кон веќе познатиот образец на андрогин.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Косата на темето потполно е ошишана во форма на петокрака ѕвезда.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Се собираат идеи и збирови слики, “сличности” и “различности”, значи основните елементи за нам веќе познатата Голема вештина на комбинирање. (...) Денес е тешко и да се замисли славата на тогашните истакнати кончетисти.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Мислев дека сите работи од книгите за мене се глупави и веќе познати.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Летка се труди да му го пополни времето со телефонски разговори на веќе познатата релација Атина – Скопје.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Понатаму во пресудата се редат веќе познатите настани: ноќта на 29 април, во моментот кога жителите на градот не биле уште прибрани во своите домови, „агитаторите“ се обиделе да го спроведат во дело својот план.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во образложението се повторуваат веќе познатите факти коишто, главно, и самиот ги кажува во своите спомени.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Ќе издржам! Ќе победам!“ се натпреваруваше сам со себеси и стапка по стапка, длапка по длапка, одморајќи се повремено на веќе познатите рамнинки и засечки се искачи на Орелска Чука.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сето тоа пред Бојана, покрај сите веќе познати тешкотии и грижи, исфрлаше и нови.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На вратата се појави јаничар и тој на српски го изрече веќе познатиот глас на покорен слуга: – Изволите, везир ефенди!
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Наместо очекуваниот гром, наместо веќе познатата постапка, тој само праша: - Зошто си крадел, Кејтенов сине?
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Кога свратив во неа како што знаете и самите случајот Симо Чардаклија беше затворен а последиците во врска со неговото судење беа веќе познати.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Акакиј Акакиевич беше однесен и погребен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ни собата, ни неговите работи не беа запечатени, зашто како прво немаше наследници, а како второ беше оставил многу малку наследство, имено – снопче гускини перца, топ бела државна хартија, три рала чорапи, две-три копчиња, што се откинале од панталоните, и веќе познатата за читателот риза.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Михаил Зошченко - човек кој во 1917 година имаше дваесет години, кој замина да се бори за Советската власт, ги опиша луѓето од истата таа власт во својата „Сина книга“ (мал извадок од неа токму презентираме во нашиот избор) - за подоцна советската власт да му се одмазди на веќе познатиот начин, со затварање, прогонство и смрт.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Иља Иљф, Јевгениј Петров - најпознат тандем во историјата на литературата воопшто, единствено перо на двајца автори, творци на “Дванаесет столици”, руски пикарски роман (од каде е извлечена една глава во нашиот избор), со главен лик Остап Бендер - заедничка именка за сите луѓе од определен ков, кои се занимаваат со потера по своето дванаесетто столче. А такви, барем денес, има колку сакаш. okno.mk 209
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)