внатре (прил.) - седи (гл.)

Во пазарен ден, ќепенците на берберницата на Ружди беа секогаш отворени, а внатре седеа по два-тројца селани, сѐ уште со кал од нивјето по гумените опинци и со вратови изгорени и избраздени од сонцето.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Влегов во канцеларијата на Фисот. Внатре седеа тој и Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Внатре седат три-четворица старци, другари на Боцета, на кои старава берберница им е нешто како дискусионен клуб.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)