главно (прил.) - е (гл.)

И уште истата ноќ и тој се раздели со Стоја и Петка и тргна со Андона кон Крушевица, откаде го зеде со себе помалиот свој син Велјана да не падне и тој во рацете на агите, како постариот Трајко кој веќе, заради татка си, беше затворен пред една година.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Главно е сега да и довардиме главите, та за главабашии, буљукбашии сете веќе сме печени, — му одговори Толе и ги раздели на четири чети: — Еве ти, Стојо, земи и виа твојте орленци, марулчани, мојте крушевчани и чанивци пет шест души, и држи а Маргара, до кај Будимеш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Главно е, море, да не дадиме да се расипат луѓе, та сермиата, стопанка и, луѓето а печалат!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Трајко влезе во темниот авур, а Сефедин ја затвори вратата и застана пред неа да наслушува што ќе разговара Трајко со затворениците.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Човечки фигури, геометриски знаци и други форми пронајдени се, врежани или насликани, над и под земјата на карпи („петроглифи“), градби, гробници, грнчарија и други објекти во разни делови од светот. Нивното значење главно е непознато. 190 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ѕидарската работа главно е крени и залепи, а понекогаш кога ѕидарот не внимава, малтерот му навлегува во месото на прстите, му се прават мали дупчиња и низ нив потекува крв.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Главно е на прикаската да не можеш мана да ѝ најдеш.“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А изгледа одамна одат. Можеби минало час, може и повеќе. Сеедно, главно е да се стигне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)