Се обидуваше на најпрост начин да ми ги објасни причините за нивното постоење, но потоа мораше да ми го растолкува главното прашање за постоењето на Бога, во тие матни времиња на полу-атеизација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Алал Комби не можеше да издржи, и, не барајќи збор од другарот Чапаев верувајќи дека и тој е согласен со Татковото претерување, гласно го прекина: - Вие, другар судија, се оддалечувате од главното прашање: како ќе го браните нашето социјалистичко, револуционерно право, со вашата отоманска диплома?
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)