Знаеше дека е забрането, ама кога налутен од нешто опцу на тој свој мајчин јазик и малку поднапиен запеа в кафеана „Слушам кај шумат буките...”, додуша тивко, ама доволно гласно за да го слушнат некои, на шест месеци го пратија во казнена единица во еден од логорите на сувите острови во Егејското Море.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кога свртевме на Гринвич Авенијата, каде неколку жигола стоеја потпрени на ѕидот, ја видовме оваа плавуша како ја фрла главата наназад и вели, доволно гласно за овие педери на глуварење да ја чујат: „Ох, погледни ги само тие Green Witches!“
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)