Тие, Муслиоските, пред да си отидат од Потковицата, на своите реатини им го распродадоа добитокот, стадото, живината, алатките, а тоа што го задржаа за себе и ден-денеска им го даваат под наем на Дамчевци: коријата, земјиштето, додека со кулите и со дворните места, управува Амди ага, кој е воедно и падар на сиот синор на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)