Оваа „високообразовна” и профитабилна институција од спортски карактер започна да се развива пред околу 15 години и денеска може да се каже дека спаѓа во редот на најатрактивните и најпосетени места во градот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Како еден од обидите за самоубиство е и фрлањето под воз кое порано во Македонија беше практика, но денеска може да се каже дека е сè поретко и тешко спроведливо со оглед на кризата во Македонски железници и само два воза кои сообраќаат во текот на денот.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Кога се поврати од бунилото, сиот испотен, како да претрчал планини и планини, и додека си ги собираше душата и силите, наеднаш сфати дека денеска можеше да биде убиен; во гневот заборавил да ја наполни пушката и така, со празна пушка, се истопори пред Дамческите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Денеска можам да речам дека грешката на Круме Волнаровски беше во тоа што го ширеше кругот на соработниците над кои не можеше да ја има потребната контрола. Беше неселективен и нетактичен.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ова, другово, него го гајлетисуваше. Уште денеска можеше да се потврди дека не е празно верување, и тоа на двапати...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)