денеска (прил.) - ќе (чест.)

А денеска ќе биде работа, ќе ги спријатели, а — утре; дните се редат, а агиве чекаат ли чекаат посестрими од Витолишча.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така, секој дуќан во кој денеска ќе влезат свадбарите, ќе има понекој петак аир, та дури и Мамуд ковачот ќе се овајди, оти ќе се требни клинци и плочи да се коват коњите на свадбарите што ќе бодињаат по невестата цел ден.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А денеска ќе чисти за сметка на едниот изгорен, се разбира бадијала за да си направи пат до својот ѕид каде ќе дупи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А вие денеска ќе излезите до Црничка пресоп, ќе лежите по ридот и околу ужина ќе ме чекате на локвите. Ги знајте, нели?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Го скорна Толета и му кажа дека бравите од Велиага денеска ќе пладнуваат по Црничка пресоп, та таман ќе дојдат како нарачани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да било така лесно и безнакажано престапувањето на меѓународното право, досега државите денеска ќе примаа на себе разни задолженија и утре ќе се откажуваа од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Навистина, можеби и денеска ќе бев во првите борбени редови, но што да сторам кога не можам да ги поднесувам неправдите…
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
А сега прво ќе свршите една работа, а после јас ќе ви го кажам вториот урок и за денеска ќе биде толку...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Но, оваа тужба судот ја одбива како неоснована!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А доколку не беше покренат првичниот спор, оние работници кои тогаш беа планирани да бидат отпуштени како технолошки вишок, денеска ќе беа без работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тој миг Прајор, здробен и низ солзи, свикува: „Е да бев, вам денеска ќе ви се посреќеше, зашто, право да ви кажам...
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако вчера Македонија ги пречека со магли и солзи, денеска ќе бидат под закрилата на Господ, а господ има топло срце што цел ден ќе го шета по синото платно на небото! шета со очите по полегнатите крај себе, се гали по мешето и мило ѝ е што не се веќе во онаа тешка рамница која во ова време целата се претвора во кал и додека не дојде северецот да ја замрзне не може да се шета по неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И покрај другите слики од летото , постои и една заедничка, која, ако се нацрташе сосема докрај, денеска ќе немаше кој да ја забележува.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На заштитничката Богородица ѝ кажаа дека Пела веќе цела недела оди на училиште, дека ја засака учителката, а од учителката добива само пофалби, дека денеска ќе имаат сè најубаво за себе а и за некој гостин ако помине низ нивната куќа.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Значи, деца од денеска ќе имаме уште еден ученик во одделението. Вие го знаете.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во гумното влегува Давиде Недолетниот и уште од далеку почнува да зборува: - Еда, вели Давиде Недолетниот, за малку денеска ќе бев мечкин измет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сипаниците денеска ќе им излезат, што се вели, утре ќе им угаснат. А научив и јас многу маривети. 37
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)