Од лево и од десно на кабината се слушаа измешани и неразбирливи разговори.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
„Кому јас можам, освен тебе, драга Агна, да му го соопштам моето расположение, восхитот од големата градба“, ѝ пишував на жена ми, а всушност во себе ги читав оние незапирни редови, што веќе беше ги напишал некој друг, во отворената книга крај мене, незапирни редови, од десно на лево, од работ на една до друга провалија, редови во долги низи кои се како обвинување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Лево врата; десно на ѕидот огледало, а понатаму, кон прозорците, е прикачена ламба; во дното четири прозорци еден до друг преку кои се гледа чардакот од куќата, преку него селски куќи.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Почувствува како главата му се движи од лево на десно и од десно на лево мошне полека, како што сѐ друго се случуваше во тие мигови.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Па иде вест дека на Бред Пит путецот не му е више на лева страна; почнал да се чешла од десно на лево.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Фројд би имал објаснение за ваквото држење, но не кревам поглед кон неговите дела десно на полицата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)