Но најпрво откога ќе измешавме сѐ, откога целиот небески свод ќе го удревме наопаку, Метеорот помирливо ќе речеше: - Добро де, будалчиња едни, што сте запнале толку, што е тоа најважно, Сонцето или Земјата, Земјата или Сонцето, сеедно, важно да знаете дека се движат, важно нешто се движи, доволно е толку!
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
— Како ќе одите така, не е до ондека... — Добро де, донеси!
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Добро де, сега! Ами зар под бившите кралеви и цареви ни беше поинаку?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)