долу (прил.) - бев (гл.)

Сега, куќата долу беше исто толку далечна како и кој и да е ден од минатото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Усните на устите и усните на дундите по форма им беа исти, речиси кај сите жени, освен кај ретки исклучоци, кај жени манлии.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Човекот навистина цел живот учи. Се уверив во тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И навистина жените и горе и долу беа исти.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се уверив дека тоа што го слушав било вистина: жените и горе и долу беа исти, каква уста таква дунда, и обратно.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Горда одбираше од маслинките, како да зоба грозд, туркајќи ги кон него оние што ѝ се чинеа помали, макар што сите горе - долу беа еднакви; а Грдан си налеваше во чашката само до половина, но секогаш кога ќе погледнеше му се чинеше дека е празна, како да истекуваше од дното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Долу беа тетка Данче, чичко Кара, Влатко и Весна, сестра му која е многу поголема од Бреза и оди в училиште, но има трпение со неа да си игра со часови. Нè викаа да прошетаме до паркот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се наведна, ја дигна покривката: од работ на нечистиот завој, месото на ранетата нога, долу беше натечено млако, темносино.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)