долу (прил.) - в (предл.)

Нели даде господ се прозори, та слезе долу в село да го бара Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
6. Ај, на наломи излези бело Фиданче писано, прошетај долу в чаршија кога седам на ќепенци!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Ете, кај Дамчевци се настрвил Булиман; нема недела да не дојде со десетина парталковци, маната на лов по Лигураса, слегуваат долу в село и со дни и недели беснеат со таа кучка — ќерка му Ѓурѓа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слегнеш ли долу в чаршија, минеш ли покрај дуќани - пукот и врева - работа и алат полно чекмеџе!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)