доста (прил.) - повисок (прид.)

Скептиците на тоа ќе приговорат со посочување на променетата природа на современиот капитализам, кој е доста поприлагодлив и во името на профитот е подготвен во строго определен опсег да промовира и содржини и идеологии што на прв поглед му се спротиставуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во продолжение во источниот ѕид од куќата, е кренат заштитен ѕид од колци исплетени во врбови прачки за да го заштити дворот да не го подлокува него езерото; на северниот ѕид од куќата залепена е плевна со покрив од слама, поцрнет и згниен; од неговиот гнилеж во пролет изникнуваат разни тревје и по некое житно стебленце чиишто семиња паднале тука од ветрот или од птиците, и тие зеленеат и живеат сè до летото кога сонцето ќе им ја истрга влагата од северните ветришта и студови; до плевната е залепен мал готварник, кој летно време служи за готвење, за перење, за сушење месо; оградата на дворот е крива-права, со штички кои не се со иста височина, со колје кои како да се редени: некои дење, некои ноќе; на места е пренапната и раширена оградата, како детско оро што неправилно се оптега; на оградата има врата доста повисока од неа, покриена со мала стреичка за да не кисне на дождот; на вратата има ѕвонец кој при отворање и затворање на вратата, одекнува со непријатен ѕвек како камбана.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Публиката преку вестите континуирано се запознава со секакви важни социјални и политички прашања (и за војната во Босна, што MTV ја „покрива“ подобро и посоодветно од секоја „сериозна“ телевизиска станица; на европската младина ѝ е овозможена поголема идентификација со тоа што јасно ѝ се дава на знаење дека во Босна умираат нејзини врсници, што ѝ се слични барем по тоа што до неодамна со подеднакво познавање и занес уживале во истите радости на популарната култура!), а преку кратките, занаетски и идејно перфектно изработени филмови цело време тече агитација за идеалите на расната, половата и културната трпеливост. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 111
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
7 Значи, прашање е што е подобро: американскиот MTV, што во почетната фаза воопшто не ја криеше својата расистичка и сексистичка насоченост, или сегашниот MTV Europe, за којшто е карактеристичен доста повисок степен на општествена свест.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)