Оттука е јасно оти Бугарите ја голтнаа пилулата и доцна е да си ја исправат грешката.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Доцна е, ајде да си одиш! - рече зракот. - Јас ќе ти го осветлувам патот.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Доцна е сега, одиме во хотелот, а Ѓердап ќе го посетиме утре. На пет минути сме од него.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Би сакала да речам, белким ќе сфатиш, но веќе не можам да го речам тоа. Доцна е.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Доцна е, предоцна за тоа пријателу мој, јас твоја сум, за тебе се венчав, в година ...невеста сум!
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Доцна е да молам да ми простиш. Минував пребрзо и ја одминував твојата податливост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Не влечкај! Дај сега од твоето. - По два дена ќе имаме. - Доцна е два дена.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Реши да го посети дедо Иван. „Доцна е малку“ - си мислеше момчето, но не сакаше да му се потчини на лесниот страв што го обземаше додека сам чекореше по угорницата, низ темната корија.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
КИРО: Добровечер. (Пауза) Зачудени сте што ме гледате? (Пауза) Смеам да седнам? (Седнува) Мажите не се дојдени? (Пауза) Доцна е. Ќе тргнат патроли. Како си тетка Султано?
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Но доцна е. Кловнот оди кон своето вечно и темно гнездо, бавно како некогаш што одел преку растргнатата жица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Но доцна е: вратата е веќе затворена. Надвор ме чекаат другарите.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Полека одевме накај дома, мислиш смирени како квечерината, ама нешто клука во нас.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Имам план! Бомба акција! “ викна Љупчо, удирајќи го Дејко по рамото.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
„Доцна е“ реков, “веќе се стемнува.“
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
НЕДА: Не. Не сега - доцна е.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
- Доцна е веќе! - офнаа шините. - Доцна е и за нас и за тебе.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Доцна е за други пријатели, вели Јон, било речено, вели, непријателите да ми бидат пријтели, вели и збира плуканици, ама устата му е сува, нема што да подголтне.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)