Седнавме на креветот. Ми кажа дека од сѐ што му оставиле оние кои го посвоиле, му останал само виенскиот дом на улицата Шонлатерн, сѐ друго отишло на пиење и коцка, или поточно, сѐ друго отишло на коцка додека пиел.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Си ги држевме рацете – некогаш се држевме така, и зад живоста на телото чувствувавме мекост на душа, потоа зад живоста на телото не чувствувавме ништо, а сега, преплетени со телата кои предвреме навестуваа старост, одново беа присутни нашите души, иако изладени, иако кршливи наместо меки, но сепак ги чувствувавме тие нејасни потреперувања на душата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)