еднаш (прил.) - си (зам.)

Кога го тераше Митра Илка да се жени, таа ја предвидуваше оваа беља, ама еднаш си велеше: „ќе му даде господ деца", а деведесетидеветпати се тешеше, оти е веќе попрекршен од годините, та белким не ќе кукне некој помлад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Па еднаш си велам: подобро што не знам, што не можам да ја погодам. „Стравот е страшен само за оние што му се плашат“ , си спомнувам на зборовите од Лазора Ночески и се враќам кај Здравко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Сонот е најголемиот исцелител, но не секогаш - рече Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Етеризиран без лекарска интервенција. Зар еднаш си заспал без да знаеш?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
— Трчал не трчал, моето се виде, брату. Јас еднаш си го виду к'сметот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така и Ангеле стана јаничарски ага на дворот од Мехмеда и не еднаш си разговараа со својот господар. – Паметиш ли нешто Арслане, од твојот вилает?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)